еМагазин
Image default
Македонија

Стевановиќ за текот на вакцинацијата: Имало алергиски реакции од вакцините, но навремено се реагирало

Директорката на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, Милена Стевановиќ за текот на вакцинацијата, која почна со Спутник V, како и ревакцинацијата со Фајзер кај здравствените работници, во интервју за МИА вели дека засега нема пријавено некои поголеми несакани ефекти од двете вакцини.

Имало алергиски реакции, но навремено и соодветно се реагирало.

„Она што е информација која јас ја имам, а која е официјално и на веб-страната на МАЛМЕД се пријавува од страна на примателите на вакцината, дека практично немаме некои поголеми несакани ефекти или реакции од вакцините, вклучувајќи ја и таа на Фајзер и оваа на Спутник, со која е отпочното вакцинирањето.

Процесот оди глатко, брзо, многу добро организирано и тоа е еден од најзначајните елементи за спроведување на успешен процес на вакцинација.

Забележани се некои алергични реакции, за кои е реагирано соодветно како што треба и јас мислам дека ваквиот систем на вакцинирање, добро организиран процес на вакцинирање, ќе придонесе да истото успешно го спроведеме врз целата популација,“ вели Стевановиќ.

Таа вели дека вакцинацијата е добро организирана и засега тече без проблеми, но предупредува дека со примањето на вакцината не значи дека граѓанинот е веднаш заштитен. Секоја вакцина е различна и оние што ги имаме моментално и оние кои се очекуваат, потребен е различен временски период за да се стекне имунитетот, а Стевановиќ апелира секој што ќе прими вакцина да продолжи да ги почитува мерките.

„Ние сме сведоци на известувања од целиот свет каде што е почнат процесот на вакцинација дека има голем број на луѓе кои после давањето на првата вакцина пројавиле симптоми и биле позитивни.

Тоа само значи дека не се дочувале во периодот по вакцинирањето и не ги применувале мерките,“ вели Стевановиќ.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе биде ли и оставката на Заев на дневен ред: Денеска заседава Извршниот и Централниот одбор на СДСМ

Редакција

Казни за 439 граѓани кои не носеле маска

Редакција

Државниот здравствен и санитарен инспекторат не констатирал недостатоци во модуларните болници

Редакција