Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници бр.03/2021 за долгови доспеани до 30.11.2020 и неплатени до 28.02.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и
повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници објавени се 2.790 должници – правни лица (помалку за 28 од претходната листа) и 1.825 физички лица (помалку за 28 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.087.488.923 денари, помалку за 193.775.645 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.035.439.846 денари (помалку за 187.957.192 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 52.049.077 денари (помалку за 5.818.453 денари од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Звучни имиња и познати фирми на новата листа на должници на УЈП
Целата листа ОВДЕ.