еМагазин
Image default
Македонија

Вкупно 183 лица го прекршиле полицискиот час досега, најмногу во Скопје

Вкупно 183 лица го прекршиле полицискиот час на тероторијата на цела држава од почетокот на 10 март оваа година, а најголемиот број со 75 прекршувања се во Скопје.

Мерката забрана за движење од почетокот на воведувањето досега, информираат за МИА од МВР, во Битола ја прекршиле 14 лица, во Велес 16, во Куманово 22, во Охрид осум лица не го почитувале полицискиот час, додека во Струмица 15, Тетово седум и во Штип 26 лица.

Полицискиоти час во најголем број го прекршиле лица на возраст од 18 до 67 години. Во Скопје 68 лица од 18 до 67 години не ја почитувале забраната за движење, во Битола 14, во Велес 16, во Куманово 22, во Охрид осум, додека во Струмица 15, во Тетово седум и во Штип 22 лица на возраст од 18 до 67 години го прекршиле полицискиот час.

За МИА од МВР информираат дека само седум лица на возраст до 18 години во Скопје го прекршиле полицискиот час и четворица во Штип.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Не гледам причина да се одложат изборите

Редакција

19 починати од Ковид-19: Шест од Тетово, пет од Гостивар, три од Куманово

Редакција

Се најавува нова средба за Законот за јавно обвинителство, партиите до утре треба да поднесат амандмани

Редакција