еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 84 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

„Вкупно 543 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на Клиниката за Пластична хирургија.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 46 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 24 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 6 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 255 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти.

На ГАК има 7 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 543 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апел од обвинетите за насилството во Собранието: Немојте дечињата на пратениците кои гласале, да бидат под страв

Редакција

73,6% од починатите од Ковид-19 во Македонија биле со претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест и дијабет

Редакција

(Видео) Адвокатот Менкиновски: Белешката на АНБ е единствениот доказ за притворање на Камчев, а не сме ја виделе

Редакција