еМагазин
Image default
Локално

Ковид-19 против традицијата: Штипјани втора година по ред не се искачуваат на тврдината Исар

Снегот кој интензивно паѓа, но и забраната за собири ги спречи штипјани да се искачат на тврдината Исар.

Празникот Свети Четириесeт маченици или меѓу штипјани познат како „Четр’се“ втора година не се одбележува масовно, со традицијата собирање на 40 каменчиња се до искачување на врвот на тврдината Исар.

Триесет и деветте каменчиња се фрлаат кон реката Брегалница, а едно се чува и се става под перница, се верува дека младите го сонуваат својот избраник.

Жителите на маалото Исар на овој ден прават 40 тиганици, односно мекици, а се пијат и по 40 чашки ракија. Локалната власт уште пред три дена објави дека и годинава поради пандемијата и здравствените протоколи вековната традиција ќе изостане.

Штип со празникот и вековната традиција за „Четр’се“ прв се најде на листата на нематеријално наследство на УНЕСКО.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Началникот на СВР Струмица испукал куршум во својата канцеларија

Редакција

Првите инфо денови од ИПАРД Програмата започнаа од Велес и Лозово и ќе продолжат во Штип и Радовиш

Редакција

Нападите врз деца од Радишани и Бутел во автобусот 57 продолжуваат, градоначалникот Костовски бара итна реакција од МВР

Редакција