Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 766 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 78 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 30 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 118, во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 20 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 57 пациенти, во Кочани 11 во Кичево 10, Кавадарци 69, а во Гевгелија 23 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.315 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ