еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Шансите за датум за Македонија не се добри, вели Меркел

Шансите за постигнување согласност на Самитот на ЕУ за давање датум за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија не се добри, оцени германската канцеларка во владината изјава дадена денеска во Бундестагот, пренесува Дојче Веле.

– Ние имаме одговорност кон овие држави. Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива, рече Меркел.

Пред почетокот на денешниот лидерски самит на ЕУ во Брисел, канцеларката Меркел во германскиот Парламент даде владина изјава, а на самиот почеток се осврна и на темата проширување на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

Во изјавата додава дека во меѓувреме се изградени мостови кон ЕУ-партнерите, кои се уште имаат задршки кон почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и инсистираат на  поголема транспарентност на процесот на проширување, но сепак, како што вели, шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот не се добри.

– Германија чувствува посебна приврзаност кон земјите од Западен Балкан и сака да ги приклучи кон ЕУ, истакна Меркел, според која приемот на земјите од Балканот е во интерес на Германија и на самата ЕУ.

Посочи дека земјите од ЕУ мора да опстојат на дадените ветувања кон овие земји, зашто тоа ќе значи и обезбедување стабилност и благосостојба на самата ЕУ.

По вчерашната средба во Тулуз со Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. Макрон кажа дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но тоа, засега, не е доволно.

За разлика од него, Меркел оцени дека има уште малку простор на самитот на ЕУ, двете земји да се усогласат.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Кај треба да потпишеме дека Гоце Делчев е Французин“: Твитер за датумот, Макрон и ЕУ

Можен ли е пресврт во 5 до 12 за Македонија на ЕУ самитот: Германците знаат да играат до последната секунда

(Видео) Макрон вели дека е прерано за преговори со Македонија, Меркел се надева на компромис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Се поставува новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија

Редакција

Кривична од Финансиската полиција за службеник во Министерството за животна средина

Редакција

Од среда нема да можете да излезете од државата без пасош со „Северна“

Редакција