Дипломираниот инженер Јованка Стојановска – Кухар, на прво обвинетиот Бојан Јовановски, во случајот „Меѓународен сојуз” дала околу 250 илјади евра со цел на инвестиција.
Сведокот Кухар, на денешното рочиште против обвинетиот Јовановски, кажа дека наведената сума ја собрал од продавање на три стана од кој еден во Словенија.
– Едниот стан го продадов во Скопје, 100 илјади евра, другиот исто во Скопје, 50 илјади евра и третиот во Словенија, го продадов 100 илјади евра, кој беше на малолетниот син.
Од тие пари ми врати 80 илјади евра. Парите ги дадов на доверба. Многу им верував на луѓето со кои зборував за инвестиција во Австрија, рече сведокот Кухар.
Пред обвинетиот Јовановски, да стана претседател на невладината ,,Меѓународен сојуз”, на оштетената Кухар и понудил да работи во ова организација.
Таа зборуваше и за свечениот настан во Музејот на современа уметност, каде кажа дека учествувале угледни луѓе и немал сомнение дека може да се работи за некоја измама.
-Јас и Агапи Дика бевме измамени, изманипулирани и повикани само кога треба да се потпише нешто. Се потпишаа работи за кои не знаевме.
Кога новинарите почна да објавуваат документи разбрав дека сум била проект менаџер. Со Силјан Мицевски и Дрим билдинг од Струга ги потпишавме, рече сведокот Кухар.
Во Кривичниот суд Скопје, таа додаде најголемото разочорување го имала кога Бојан Јовановски, бил притворен, односно била загрижена за потписите врз договорите, на кои не ги потпишале сите страни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тензично на судењето за „Меѓународен сојуз“, дадена пауза за смирување на ситуацијата
МИА/Фото: МИА