еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И ветеринарите ќе се вакцинираат во Србија

Членовите на Ветеринарна комора ќе имаат можност во недела и понеделник, на 28 и 29 март 2021 година, да се вакцинираат во Србија со АстраЗенека.

Како што соопшти Комората на својата веб страница, одобрено е барањето што било упатено до српската Влада преку Ветеринарната комора на Србија (ВКС).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мој Београде, вакцинирај ме“: Твитер реакции за масовната вакцинација на Македонци во Србија

Македонците викендов во „поход“ на Србија за вакцинација против Ковид-19

-Ве известуваме дека ВКМ во настојување да најде решение за што побрза вакцинација и заштита на своите членови од Ковид-19, во рамки на одличните односи и меѓусебната соработка со Ветеринарната комора на Србија, потврдена со Договор за соработка потпишан 2017 година, се обрати со барање да посредува до Владата на Република Србија да овозможи вакцинација на наши членови.

Денеска, на 26.03.2021 година, од Генералниот секретаријат на Владата на Република Србија преку ВКС сме известени дека нашите членови може да се вакцинираат во Ниш, со вакцината AstraZeneca, во недела и понеделник 28 и 29 март 2021 година, стои во соопштението на Ветеринарната комора.

Според претседателот на Комората, Томислав Николовски, оваа информација електронски е проследена до сите членови на Ветеринарната комора.

-Поради итноста, заинтересираните за вакцинација најдоцна до утре 27.03.2021, сабота, до 12.00 часот треба да внесат точни податоци и да се регистрираат во табелата која е линкувана во дописот.

Дополнителни податоци за точно место и време за вршење на вакцинацијата ќе добиете во текот на утрешниот ден, наведува Николовски во соопштението до членовите на Комората.

Тој упатува јавна благодарност до претседателот на Ветеринарната комора на Србија, Мишо Коларевиќ за личниот ангажман и до Владата на Република Србија за пријателскиот и хуман гест искажан кон вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во Република Северна Македонија.

Соопштението за вакцинацијата Ветеринарната комора го сподели и на својот официјален Фејсбук профил.

На 17.03.2021 Ветеринарната комора до министерот за здравство Венко Филипче и Националната техничка работна група за вакцинација против Ковид-19 испрати допис со кој побара вработените во ветеринарно – здравствениот сектор да бидат вклучени во приоритетните групи за имунопрофилакса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Вакцинирајте се во Србија ама вратете се за попис“: Твитер реакции

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали за вакцината Спутник В со која ќе се вакцинираат и македонските граѓани

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ и го честита вработувањето на мајката на Костадин Костадинов во Централен регистар на Струмица

Редакција

Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Претседателот Оливер Деркоски и сопругата имаат два стана

Редакција