еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 55 пациенти, а вкупно се лекуваaт 657 болни, сомнителени и потврдени за Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

„Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 657 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 27 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 20 примени пациенти и 8 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле и на Клиниката за детски болести не биле примени нови болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 135 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 145 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 18 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.

Вкупно 657 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 56 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела 12 смртни случаи од Ковид-19, најмногу од Скопје, 8

Редакција

Арбен Таравари објави кандидатура за претседател на Македонија

Редакција

Ги доближуваат ли ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ставовите за уставните измени: И Таравари ќе бара гаранција од ЕУ дека ќе нема нови услови

Редакција