еМагазин
Image default
Бизнис

Општина Тетово лани во минус од речиси 2 милиони евра

Завршната сметка за буџетот на општина Тетово за 2020 има дефицит од 121 милион 689 илјади 428 денари или речиси два милиони евра, покажа денешната расправа во Советот на општината.

Мнозинството советници на денешната 42-та седница ја усвои оваа одлука.

Според секторот за финансиски прашање биле планирани приходи од 1.714.301.244 денари, а реализирани биле 1.371.855.414 денари. Кај расходите биле планирани 1.990.093.580 денари, додека реализирани се 1.493.544.842 денари.

Опозицијата во Советот ја критикуваше Општината поради оваа неповолна финансиска состојба.

-Повеќе се води сметка за вработувања и таквите трошоци, отколку за реалните потреби на граѓаните и спроведување на капитални инвестиции, изјави советникот Бесарт Дурмиши од партијата Движење Беса.

Претседателот на Советот, Беким Мемети истакна дека состојбите во целата држава се причината за таквата завршна сметка.

-Поради пандемијата имаше многу малку капитални инвестиции, рече Беким Мемети.

На седницата на дневен ред беа и завршни сметки на општинските училишта и јавни претпријатија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охридски Трудбеник ја намали загубата

Редакција

Климе Попоски е назначен за нов генерален директор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје

Редакција

„ЗСФ-КОМ“ и „Современ дом“ сакаат целосно да го преземат „Скопски пазар“: Нудат 6.500 денари за акција

Редакција