еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Државните ревизори утврдиле дека растат приходите на ВМРО-ДПМНЕ од буџетот, а се намалуваат од членарини

Државниот завод за ревизија денеска го објави конечниот ревизорски извештај за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за сметката за редовно работење за 2019 година.

Во конечниот извештај за извршена ревизија на финасиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ВМРО-ДПМНЕ за 2018 година, овластениот државен ревизор, како што се наведува во извештајот, извести за судска постапка поведена од страна на надлежните органи во месец октомври 2018 година, со која на ВМРО-ДПМНЕ му се забранува дел од недвижниот имот/градежни објекти, сопственост на партијата, да го отуѓува, става под хипотека и располага со давање под закуп, се до завршување на постапката пред надлежниот орган.

„Забраната за привремено располагање со дел од имотот на политичката партија преку поведената постапка влијае на проценетата вредност на дел од недвижниот имот искажан во Билансот на состојба, согласно член 14 од Законот за сметководството на непрофитните организации. Истакнуваме дека до денот на вршење на ревизијата, постапката поведена пред надлежните органи е се уште во тек“, се вели во извештајот.

Препораката што се наведува во извештајот е одговорните лица на партијата да преземат мерки и активности за соодветно евидентирање на недвижен имот, по завршување на постапката пред надлежните органи.

„Со анализата на вкупните приходи по видови на извори на финансирање, констатиравме дека учеството на јавното финансирање од Буџетот на РСМ на редовното работење на ВМРО-ДПМНЕ бележи тренд на зголемување и тоа од 27 проценти во 2016 година до 67 отсто во 2019 година, наспроти тренд на опаѓање на учеството на приватните извори на финансирање (членарини и донации) во вкупните приходи на партијата.

Наведената состојба може да има влијание врз структурата на расходите на партијата во наредниот период, имајќи ја предвид измената на член 83-а став 2 алинеја 1 од Изборниот законик, каде извор на финансирање на изборната кампања, меѓу другите извори се и средствата од редовната сметка на политичката партија“, се посочува во извештајот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државните ревизори констатирале дека ДУИ добивала донации над дозволениот лимит

Државните ревизори утврдиле дека СДСМ користи имот за кој нема утврдено сопственост

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кедев продолжува да испишува историја: Искачен Cho Oyu, негов осми врв повисок од осум илјади метри надморска височина

Силвана Жежова

Средба Заев – Радев: Македонија и Бугарија заедно тагуваат за жртвите од автобуската несреќа

Редакција

Двајца мажи од Велешта во полициска станица во Струга тепале полицајци и прскале сведок со солзавец

Редакција