еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Сите детали за вакцината Спутник В со која ќе се вакцинираат и македонските граѓани

Вчера во Македонија пристигнаа 20 илјади дози на руската вакцина „Спутник В“, донација од соседна Србија. Од Србија треба да стигнат уште толку вакцини „Спутник В“.

Пред извесно време во земјава исто така стигнаа 6.000 дози од предвидените 200 илјади на вакцини „Спутник В“ во две пратки, со кои се вакцинираа и ревакцинираа здравствените работници.

Македонија е 59. земја во која е регистрирана оваа вакцина, вклучувајќи и неколку земји членки на Европската Унија и покрај тоа што истата моментално чека на одобрување од Европска агенција за лекови (ЕМА). Според последните информации истата се очекува да биде одобрена од ЕМА најмногу за два месеци.

Моментално и во Светската здравствена организација (СЗО) се разгледува барањето оваа вакцина да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ѝ донираше на Македонија 20.000 руски вакцини „Спутник“

Кој и каде ќе се вакцинира со руската вакцина „Спутник“

Колку е ефикасна

Руската вакцина „Спутник В“ е 91,6 отсто ефикасна во спречување на заболување од Ковид-19, покажува рецензијата за резултатите на доцниот стадиум на испитување, кој го објави меѓународниот медицински весник „Лансет“.

Научниците наведоа дека резултатите од испитувањето на третата фаза значи оти светот има уште едно ефикасно оружје за борба против смртоносната пандемија.

По ефикасност е слична на mRNA вакцините развиени од Фајзер/БионНТек и Модерна, и не предизвикува невообичаени несакани реакции.

Во упатството на „Спутник В“ има препорака за претпазливост само кај трудници и доилки. Не е наведена никаква друга контраиндикација, изјави неодамна министерот за здравство, Венко Филипче.

Вакцината ја разви и ја испитуваше Институтот Гамалеја во Москва.

Руската вакцина „Спутник В“ е првата регистрирана вакцина против Ковид-19 во светот. Таа беше регистрирана во август минатата година.

За каква вакцина се работи

Технологијата на производство на аденовирусната вакцина „Спутник В“ е позната повеќе од 30 години.

Таа претставува вакцина со т.н. „вирусен вектор”, во чија основа лежи генетски модифициран човечки аденовирус.

Како и повеќето досега развиени вакцини се дава во две дози и се чува на температура од – 18 до -20 степени.

Вакцината е замрзнат раствор од 0,5 милилитри, за еден корисник.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 344 случаи на Ковид-19, во Скопје 143

Редакција

Убава вест: Оздравени 132 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Димитровска: Коментирате за Нотр-Дам, но не и за Курбиново, Перивлепта, Шарената џамија

Редакција