еМагазин
Image default
Македонија

Четириесет и девет пациенти кои оделе на дијализа починале како последица од Ковид-19

Четириесет и девет пациенти кои оделе на дијализа починале како последица од корона вирусот што е за околу пет проценти повеќе во споредба со морталитетот што е забележан на годишно ниво кај овие пациенти.

– Од 1.608 пациенти кои одат на дијализа, 288 биле позитивни на Ковид-19, а од нив 49 се смртни случаи што е околу 17 проценти. На годишно ниво, морталитетот кај овие пациенти е околу 10-12 проценти што е за околу пет проценти повисок морталитет заради пациентите кои биле ковид позитивни, истакна доктор Гоце Спасовски од Клиниката за нефрологија во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Во однос на пациентите кај кои е извршена трансплантација, доктор Спасовски информира дека од 228 пациенти, 17 биле позитивни, а тројца ја изгубиле битката со вирусот.

– Во тотални бројки, од бубрежно болните, вкупно позитивни биле 305 пациенти, а 52 се починати што е околу 16,7 проценти, подвлече Спасовски.

Апелираше до пациентите да се вакцинираат со било која вакцина, бидејќи, според него, сите се безбедни.

– Пожелно е со било која вакцина да се вакцинираат. И да прележале Ковид-19, тие немаат доволно развиен имунитет, ниту во клеточниот имунитет, ниту во оној со антитела за да може да кажеме дека ќе останат безбедни. Значи, тие и по месец дена од прележан Ковид-19 повторно треба да се вакцинираат, нагласи доктор Спасовски од Клиниката за нефрологија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 1.347 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Судење за несреќата кај Ласкарци: Сопственикот на „Дурмо Турс“ смета дека само возачот ја знае вистината

Редакција

Починаа 17 лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.249

Редакција