Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека вчера се вакцинирале 2.500 граѓани, од вкупно 2.800 пријавени.
Заклучно со вчера 13.000 граѓани се вакцинирани, а 90 проценти од медицинскиот персонал кој работи во ковид-центрите е вакциниран и ревакциниран.
Во салата „Борис Трајковски“ се вакцинирал и медицински персонал од јавните и приватните установи кој не бил опфатен со првичната вакцинација.
Тој додаде дека оптималниот број на дневно вакцинирани кои сакаат да го постигнат е 7.000 на ден, но тоа ќе зависи од достапноста на вакцини. Филипче не кажа точен датум во април кога треба да пристигнат кинеските вакцини, како и оние на Фајзер, и тие преку Ковакс механизмот.
Тој уште еднаш упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат за што побрзо да се излезе од овој трета бран кој до сега е и најсилен.
Куманово, Битола, Кичево и Тетово остануваат критични градови каде што преносливоста на вирусот е широко распространета и постои оптoварување на болничките капацитети.
Фото: МЗ