еМагазин
Image default
Балкан

Борисов му понуди на Слави Трифонов да прави влада, ќе му позајми 10 пратеници

Премиерот во заминување и лидер на партијата ГЕРБ, која освои најмногу гласови на неделните парламентарни избори во Бугарија, Бојко Борисов, денеска го повика Слави Трифонов од партијата „Има таков народ“ да ја преземе политичката одговорност во земјата, јави дописникот на МИА од Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе биде ли нов премиер на Бугарија, шоуменот и музичар Слави Трифонов?

За него Македонците се северномакедонци со бугарски корен: Кој е Слави Трифонов, клучниот “играч“ за формирање влада во Бугарија

Борисов соопшти дека ГЕРБ ќе предложи Влада, во согласност со бугарскиот Устав, како прва политичка сила во земјата, предвидувајќи дека нема да биде избран, по што мандатот ќе го добие партијата на Трифонов „Има таков народ“.

Премиерот кажа дека најколегијално побарал од Трифонов да почне со формирање Влада.

– Со цел Бугарија да има политичка и економска стабилност ГЕРБ е подготвен да даде 10 пратеници за поддршка на владата на Слави Трифонов во новиот бугарски Парламент, рече Борисов за време на редовната седница на бугарската Влада.

Борисов прокоментира дека нови избори не се решение за земјата и додаде дека Парламентот може да одржи седница на која треба да се донесе одлука за свикување на Големото национално собрание, на која претседателот Румен Радев ќе го достави својот предлог за нов Устав на Бугарија.

Тој, исто така, коментираше дека за само неколку месеци луѓето во Бугарија ќе донесат свои заклучоци за тоа кој е подобар за нив.

МИА/Фото: Фејсбук/Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тужба за партнерот на Ципрас, Каменос за неговите расистички изјави против Македонија

Редакција

(ВИДЕО) Албански ученици во училиште прават мапа на „Голема Албанија“

Редакција

(Видео) Протест во Атина поради посетата на Помпео: Демонстранти го запалија американското и знамето на НАТО

Редакција