Приватната болница „Аџибадем Систина“ нема да ги намали цените за лекување на болните од ковид, бидејќи немале економска логика, а од клиниката “Жан Митрев“ изразиле подготвеност да ги намалат, а потврда се очекува денеска, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Министерот информираше дека разговарал со претставници на трите приватни болници, „Аџибадем Систина“, „Жан Митрев“ и „Ремедика“ и, како што рече, иако апелирал да се намалат цените, бидејќи сме во време на здравствена криза и пандемија, од „Систина“ добил негативен одговор, од „Жан Митрев“ прифатиле, а во „Ремедика“ воопшто не се лекуваат ковид-пациенти.
Тој рече дека државата немала правно-формални механизми за да влијае на цените на приватните болници.
Информираше и дека од утре осум специјалисти од приватните болници (пет од „Систина“, двајца од „Ремедика„ и еден од „Жан Митрев“) ќе се вклучат во лекување на ковид-пациентите во јавното здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија живот не вреди ни пет пари
Фото: МЗ