еМагазин
Image default
Балкан

(Видео) Возило на црногорската влада пробило блокада на граѓаните, внатре била ќерката на премиерот

На патот Подгорица-Никшиќ се случил инцидент кога група граѓани се обиделе да спречат премин на службено возило на Владата на Црна Гора.

Собраните, во обид да спречат минување на возилото, се качиле на него, но тоа не запрело, туку продолжило и соборило неколку лица.

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ објави дека неговата ќерка се наоѓала во автомобилот.

“Како татко, нема да ги заборавам нејзините солзи и страв. Како премиер, нема да ви дозволам дивјаштво и беззаконие. Во земјата ќе има ред и закон на кој не сте навикнати. Наскоро ќе го видите тоа”, напиша Кривокапиќ на својот профил на Твитер.

Полицијата не дозволува да поминат граѓаните, кои се упатиле кон Подгорица, без валидна документација.

Членови на Патриотско-комитскиот сојуз се собраа пред зградата на Владата да протестираат против најавената владина одлука за промена на одлуката за државјанство и на Законот за престој.

МИА/Видео: Побиједа/фото: Фејсбук/Кривокапиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брнабиќ одби да биде дел од заедничката фотографија на учесниците на Самитот на Берлискиот процес

Редакција

Во Албанија најбројни косовските и македонските туристи

Редакција

Филмот „Џокер“ ја стресе Грција: Полиција упадна во две кина и вадеше малолетници

Редакција