еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Ќе протестираат секој ден: Пред Владата на протест компаниите од индустријата за организација на настани

Компаниите од индустријата за организација на настани денеска протестираа пред Владата со барање да се најде решение за состојбата на овој сектор којшто поради пандемијата и ограничувањата за работа бележи пад од 62 проценти.

Од Асоцијација на компании од индустријата за организации на настани (ИВАП) велат дека тоа што Владата деновиве го претставува како помош, ниту е помош, ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании.

Според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62 отсто за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс, нагласија од Асоцијацијата ИВАП.

Оттаму најавија дека протестите ќе се одвиваат во континуитет, секој ден од 12:00 до 15:00 часот, сé до постигнување, како што велат, взаемно прифатливо и одржливо решение.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување: Дури 460.300 македонски граѓани живеат во сиромаштија

Редакција

Угостителските услуги во октомври поскапи за 6,1%

Редакција

Угостителските услуги за една година поскапеле за 14.8%

Редакција