еМагазин
Балкан

Словенскиот премиер Јанша: Нема нон-пејпер за прекројување на Босна и Херцеговина

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ телефонски разговараше со словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој го информирал дека не постои нон-пејпер што може да биде поврзан со словенечката Влада, а би вклучувал прекројување на границите, или повреда на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

Јанша, кој, како што соопшти Претседателството на БиХ го иницирал телефонскиот разговор, рече дека Словенија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и нејзиниот евроатлантски пат, целосно почитувајќи го Дејтонскиот мировен договор.

Џаферовиќ рече дека во старт треба да се спречи секаква приказна за етнички и територијални поделби на Босна и Херцеговина, и додаде дека единствен пат за БиХ е нејзината понатамошна внатрешна реинтеграција и евроатлантска интеграција.

Според порталот Кликс, тие разговарале за претседателството на Словенија со Европската унија во наредниот период, како и за претстојниот самит на Европската унија и Западен Балкан, на кој Словенија ќе биде домаќин и чија главна тема треба да биде забрзувањето на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија.

Кликс потсетува дека информациите за словенечкиот нон-пејпер, кој третира прекројување на границите на Западен Балкан крена голема прашина во регионот во последните денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанша му кажал на Мицкоски дека нон пејпер креирале Заев, Фајон и Пицула

Пендаровски: Секое прекројување на гранците на Балканот ќе донесе дестабилизација на регионот

МИА/Фото: Јанша/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Павлопулос во концертната сала во Солун влезе од заден влез: Инциденти на протестот против Договорот од Преспа

Редакција

Ципрас во Солун: Македонки и Македонци, левицата не ја продаде, туку ја спаси грчката Македонија

Редакција

ГЕРБ на Борисов дава 59 гласа за поддршка на „францускиот предлог“ за Македонија оти бил најдобар

Редакција