Голема врева се крена во Собранието за денешното гласање за законите од петтиот пакет економски мерки, откако во законодавниот дом пристигнаа двајца пратеници од мнозинството, болни од Ковид-19, облечени во скафандери, за да гласат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Пратеничката на СДСМ, болна од Ковид-19 во скафандер отиде да гласа во Собрание
Тие гласаа од кабини во салата на Собранието.
Претходно од СДСМ информираа дека пратениците кои се болни од Ковид-19 ќе присуствуваат во Собранието според сите здравствени протоколи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Присуството на пратеници со Ковид-19 во Собранието е според сите протоколи, велат од СДСМ
Тие не беа присутни во салата со сите пратеници, туку со посебен лифт и по посебен протокол по ходниците беа спроведени во кабините.
На една пратеничка, пак, според СДСМ, вчера и завршила изолацијата.
На денешното гласање присуствуваше и пратеник со скршеница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МИА/МРТ