еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 64 пациенти, а вкупно се лекуваaт 697

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 697 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 1 бил примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле билe примени 5 нови болни, а 8 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 53 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 287 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 65 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 23 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки.

На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 65 болни,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале девет лица, дополнително пријавени уште 6

Редакција

Подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ доби нов претседател, избрани и советници на Мицкоски

Редакција

Заев: Со Бугарија разговараме на секторско ниво, не можам да ги разберам протестите на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција