еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

30-дневен затворски притвор за Рашковски и Станчевски за набавката на софтвер во МВР

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифатил жалбата на јавниот обвинител и им определил 30-дневен притвор на лицата Драги Рашковски и Даниел Станчевски, во врска со „истрагата за набавка на софтвер“.

„Заради интерес на медиумите околу предлогот на Јавниот обвинител во однос на „истрагата за набавка на софтвер“, ја информираме јавноста дека: Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалби изјавени против решенијата на судија на претходна постапка од 16.04.2021 година со кои на Д.Р. и Д.С. им се определува мерка куќен притвор со дополнителни мерки за претпазливост, денеска одржа седница во присуство на странките, по која ценејќи го предлогот како и изјавените жалби донесе решение со кое ја прифати жалбата на Јавниот обвинител и го преиначи решението на судија на претходна постапка.

Со тоа на осомничените Д.Р. и Д.С. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2, стои во соопштението од Кривичниот суд.

На 16-ти овој месец судија на претходна постапа во Основниот кривичен суд – Скопје по четиричасовниот распит му одреди куќен притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Рашковски, осомничен во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци.

На распит беше спроведен и Даниел Станчевски од Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“, од кое Генералниот секретаријат на Владата го купил софтверот за определување на брзина на возила во сообраќај и изрекување казни, кому судот исто така тогаш му определи мерка куќен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алсат М: Рашковски целиот имот го префрлил на своите малолетни деца

Кој се води истрага и има отворено предмети за Рашковски, кој поднесе оставка

Под лупа имотот на Рашковски, еве што пријавил во Антикорупциска

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забрана за влез на Ангел Џамбаски и други бугарски граѓани, предложи Пендаровски до Владата

Редакција

Одлуката на ФЗО за намалување на операции во приватните установи е флагрантна повреда на правата на пациентите, вели Даниловски

Редакција

Само еден од седумте новопочинати без претходни заболувања, а истиот имал контакт со потврден случај

Редакција