еМагазин
Image default
Балкан

Албанскиот народен правобранител бара да се укине карантинот за граѓаните од Македонија и од Грција

Народниот правобранител на Албанија побара поништување на одлуката за задолжителен двонеделен карантин за лицата кои влегуваат од Северна Македонија и од Грција, оценувајќи при тоа дека тоа го спречува остварувањето на нивното уставно право на глас.

Во препораката испратена до Министерството за здравство, Централната изборна комисија и Техничкиот комитет на експерти, се бара целосно и итно поништување на одлуката.

– До институцијата народен правобранител, група здруженија на албански емигранти во Грција поднесоа жалба, изразувајќи загриженост за последниот предлог на Техничкиот комитет на експерти за одредување период од две недели за албанските емигранти кои живеат во Грција, ако тие дојдат во Албанија во период на важноста на одлуката – наведува правобранителот.

Според жалбата, оваа предложена мерка го попречува и всушност го негира правото на глас на оние емигранти кои сакаат да го искористат ова основно право на општите парламентарни избори, што ќе се одржат на 25 април 2021 година.

Во жалбата, оваа предложена мерка, исто така, се смета за дискриминаторски третман кон нив, бидејќи на албанските емигранти кои живеат во други земји им е дозволено да влезат во Албанија без да бидат ставени во карантин, додека на албанските емигранти во Грција не.

Ова е само едно од низата барања за укинување на оваа одлука.

Претходно тоа го побара претседателот Илир Мета, кој истата ја смета за сериозен неуставен акт за спречување на албанските емигранти да учествуваат на изборите.

За опозициските политички партии во Албанија, одлуката е намерна „за да се спречи доаѓањето на емигрантите да гласаат на изборите на 25 април“ и истата Партијата Движење за социјалистичка интеграција, на Моника Круемади, ја обжали во Управниот суд.

Пратеникот во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, како и Македонското друштво „Илинден“-Тирана, одлуката ја оценија како избрзана и погрешна.

Нивен став е дека одлуката економски ги погодува жителите кои живеат на албанско-македонската граница од Преспа до Голо Брдo, кои, основната егзистенција ја обезбедуваат со сезонска работа и други активности во пограничните региони на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карантинот за секој кој влегува од Македонија во Албанија е избрзана и погрешна одлука, смета македонскиот пратеник во албанскиот парламент Стерјовски

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија пред нови избори, Трифонов го повлече предлогот за избор на нова влада

Редакција

(Видео) Вучиќ им направи палачинки на војниците во касарната во Лозница и им ги послужи

Редакција

(ВИДЕО) Оштетени згради и куќи во Драч и Тирана по земјотресите во Албанија, жртви нема

Редакција