„Реплек“ АД Скопје преку Македонската берза ги објави резултатите од гласањето по точките од дневниот ред од продолжената седница на годишното Собрание на акционери одржано денеска.
„На продолжената седница на годишното Собрание на акционери одржано на ден 22.04.2021 година од вкупно 25.920 акции со право на глас, присуствуваа акционери (лично или преку овластени полномошници) кои учествуваа во работата на Собранието, со вкупно 23.268 акции со право на глас претставени на Собранието или 89,77% од вкупниот број на акции со право на глас“, соопшти компанијата.
Акционерите не го усвоија и не ги одобрија Годишниот извештај за работата на „Реплек“ во 2020 година и Годишниот извештај за работата на Надзорниот одбор на компанијата.
Оттаму информираа како минало гласањето по предлог-одлуката за одобрување на работата на Управниот одбор на „Реплек“ АД Скопје во 2020 година.
„Се одобрува работата на членовите на Управниот одбор во состав: Иван Туџаров, Даница Зимбакова, Сузана Милошевска и Лилјана Макрадули.
Не се одобрува работата на членот на Управниот одбор Душан Пецовски“, соопшти компанијата.
Од компанијата, исто така, информираа како минало гласањето за работењето на членовите на Надзорниот одбор.
„Се одобрува работата на членовите на Надзорниот одбор во состав: Александар Томовски, Томислав Димовски и Анастасија Јоксимовиќ.
Не се одобрува работата на членоот на Надзорниот одбор Адела Николовска“, соопшти компанијата.
Оттаму информираа дека кандидатите Василако Беака, Колева Русовска Јулијана и Давчева Маја ги повлекле кандидатурите за избор на член на Надзорниот одбор.
„Други кандидати не беа пријавени. За независен член на Надзорен одбор беше избран кандидатот Бојан Аврамиовски“, соопшти компанијата.
Пред продолжението на седницата „Реплек“ стана актуелен во јавноста по очигледните акционерски превирања што поттикнаа купопродажба на акции, како и јавна берзанска аукција за голем пакет акции којшто помина без продажба.
Повеќе детали од гласањето од денешната седница ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се разгорува акционерската битка во „Реплек“: Продаден блок акции за 283.000 евра
На продажба пакет од 1.783 акции на Реплек преку моделот “се или ништо“
„Тепачка“ за акции од „Реплек“: Продаден блок вреден 93.000 евра
Акцијата на „Реплек“ стана повредна од злато: Следува ли битка за менаџерските позиции?