Жител на Возарци бил физички нападнат, а потоа и удрен со возило од кавадарчанец. Тој го пријавил случајот синоќа во полициската станица во Кавадарци.
„Во 19 часот, 68-годишниот жител на село Возарци пријавил дека околу 17 часот, додека бил со пријатели во дворот од неговата куќа на Тиквешко Езеро, бил физички нападнат од О.Г.(37) од Кавадарци, кој потоа со возило го удрил пријавителот“, изјави денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.