Тетекс АД Тетово во првите три месеци од годинава оствари добивка од 3.048 илјади денари, што е остварување приближно колку истиот период минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Приходите од продажба на готови производи и услуги изнесуваат 12.076 илјади денари.
Оперативните приходи изнесуваат 17.229 илјади денари, додека истиот период минатата година беа 36.883 илјади денари.
Оперативните расходи изнесуват 12.572 илјади денари, а минатата година изнесуваа 41.936 илјади денари, значи бележат намалување од 70%“, велат од компанијата.
Друштвото оствари оперативна добивка, која е 2.903 илјади денари, наспроти оперативната загуба истиот период минатата година, велат од компанијата.
Фото: Тетекс
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.