еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Не ми пречи пркосот на Пауновски, туку инаетот и одбивањето да разговара

Премиерот Зоран Заев вели дека нему не му пречел пркосот на директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски што Владата вчера го разреши, туку, како што рече, му пречи неговото инаетење и одбивањето да спроведе закон кој се однесува на распределбата на административните работници примени согласно Рамковниот договор.

„Жалам за коментарите дека ми пречел пркосот. Пркосот навистина е вредност и кога тој доаѓа и од институција е исто така вредност, но инаетењето и неспроведувањето на одлука на Влада и на етичката поставеност дефинирана во норматив што се вика етички кодекс, не е“, рече премиерот Заев одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова во врска со разрешувањето на Пауновски.

Заев нагласи оти Пауновски не сакал да го спроведе законско решение кое го донел македонскиот Парламент односно планот од К-5 програмата за конечно, како што рече, 1.349 веќе вработени лица според програмата за правична застапеност на конкретни работни места и со конкретен ангажаман во 237 институции.

На ваков начин, рече, се решава долгогодишен проблем, односно се активираат за активирање на овие „рамковни“ службеници кои со години седат дома, а земаат плата.

Според премиерот Заев, директорот на ДПИ, Пауновски одбивал да комуницира и ако имал некави забелешки и аргументи требало да ги соочи со членовите на Владата.

Директорот на ДЗИ, Пауновски одби да прими 35 рамковни административци во институцијата со која раководеше со образложение дека не се квалификувани за работните места.

Владата вчера на редовна седница го разреши Пауновски од функцијата што ја извршуваше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вицепремиерот Николовски: Стојко Пауновски е разрешен согласно законот и кодексот, в.д. директор на ДПИ наредните денови

„Уште еднаш се докажа дека рамковните се недопирливи“: Твитер реакции за разрешувањето на Стојко Пауновски

Стојко Пауновски се заблагодари за поддршката на „пркосот“: Сакав да ја одбранам професионалноста, премиерот немаше разбирање

„Простете им, не знаат што прават“, вели Пауновски, кој по разрешувањето се враќа во УЈП во Тетово

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште тројца починати на инфективното одделение во болницата во Велес

Редакција

Маж убиен кај скопско Рашче

Редакција

Дисциплински за адвокатите: Предметот „Т.Н.Т“ нема да се преведе на албански јазик

Редакција