еМагазин
Image default
Бизнис

„Хотели-Метропол“ во загуба од 16,2 милиони денари во првите три месеци од годинава

Во периодот 01.01.2021 до 31.03.2021 година „Хотели-Метропол“ АД Охрид во своето работење има остварено вкупно 1.044 ноќевања, за разлика од 3.128  ноќевања за истиот период во 2020 година, што значи негативна разлика или 67% пад на истите, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„За овој период од јануари-март 2021 година остварен е негативен финансиски резултат од 16.284.000 денари.

Остварениот приход од 6.741.000 денари е за 20% помал во однос на истиот период од минатата година кога изнесуваше 8.415.000 денари.

Вкупните расходи за периодот јануари-март 2021 во износ од 23.025.000 денари се намалени за 18,5 % во однос на истиот период за минатата година кога изнесувале 28.264.000 денари.

Остварениот финансиски резултат за јануари-март 2021 година е негативен имајќи ја во предвид светската пандемија, мерките кои се преземаат за справување со истата со кој неминовно е опфатен секторот на кој припаѓа друштвото, има и се очекува да има огромно влијание на финансискиот резултат и во текот на 2021 година“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За плата, надоместоци и награди на менаџментот на Хотели Метропол лани исплатени 1,8 милион денари

Фото: Хотели Метропол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈПКД Комуналец – Струмица склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 575,6 илјади евра

Редакција

Девизните резерви во март 4,16 милијарди евра

Редакција

Во октомври раст на индустриското производство од 1,7%

Редакција