еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Христијан Мицкоски во улога на „главен скараџија“ честиташе Велигден

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук-профил на специфичен начин го честиташе Велигден – во улога на главен скараџија.

„Честит Велигден. Христос воскресе. Моменти поминати со семејството, бесценето…, денес јас бев задолжен за скарата, Антониј вика тато најдобра скара ти правиш (опасен политичар е тој), Јован и Душица со тинејџерски „маки“, а Христијан чека тетин да заврши со кебапите на жар. Ладно пиво во рака, кебапи на жар, сонце и многу среќни, весели лица.

Ви посакувам мир во душата, љубов во срцата, насмевка на лицето и бог со нас, народе македонски!“, напиша Мицкоски.

Фото: Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните над 40 години кои се пријавиле за вакцина до 30 април, термините ќе ги добијат најдоцна во следните три дена

Редакција

„Каргомакс“ го доби тендерот на Град Скопје за набавка на две комунални возила вредни 459.000 евра

Редакција

Што е подобар избор: Стан или куќа

Редакција