еМагазин
Image default
Македонија

Силен ветер го оневозможува учеството на воениот хеликоптер во гаснење на пожарот кај Галичник

Хеликоптерот на Армијата кој се упати да учествува во гаснењето на шумскиот пожар над селото Галичник, не можел да дејствува заради многу силниот и променлив планински ветер, соопшти Центарот за управување со кризи.

„Армискиот хеликотер со опрема за гаснење пожар е во близина на Галичник. Стигнал во најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер.

Хеликоптерот е приземјен на најблиско можно место до Галичник и екипажот е подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар“, се наведува во соопштението.

Претходно ЦУК информира дека денеска околу 13:30 часот добил информација за шумски пожар над селото Галичник.

Според ЦУК, пожарот зафатил борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Шумски пожар беснее над Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликотер за заштита на селото

МИА/Фото: Архива/АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 1.470 болни од Ковид-19

Редакција

МВР преку фирмата „Финзи“ поскапо ја купило опремата за УБК, посочија од Обвинителството во завршните зборови за „Трезор“

Редакција

Детален преглед: Гори на повеќе локации, пожарот во Пехчево се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик

Редакција