Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 398 лица сомнителни и потврдени за Ковид19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 5 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 7 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми.
На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 136 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 121 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти.
На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки.
На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 11 болни,“ се вели во соопштението.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 337 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Фото: МЗ