Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 45 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент.
На инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес се лекуваат 51 болен, а во Куманово 58 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 32, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 15 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 14 во Кичево 8, Кавадарци 23, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 701 и има околу 1.000 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ