еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон ја повика Бугарија да го укине ветото за Македонија

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон за време на неговото учество на конференцијата Евроатлантскиот Клуб во Софија побара од бугарските власти да ја укинат блокадата на Македонија кон Еевропската Унија.

Претседателот на Евроатлантскиот клуб и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси, го поддржа повикот на Роберсон и ја нарече Северна Македонија – „нашиот многу добар сосед и пријател“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Робертсон ја потсетил Бугарија дека е потребно да се има попрагматичен пристап кон меѓународните ризици при одбрана на вредностите на Евроатлантската унија.

Поранешниот генерален секретар на НАТО потсети и на вредностите и стандардите на Алијансата и на евроатлантската заедница и кризите на Балканот и додаде дека нивното решение се одвиваше низ евроатлантска перспектива.

-Во 2001 година, Македонија беше на работ на граѓански конфликт, но благодарение на интервенцијата на НАТО, ЕУ и ОБСЕ и заслужни луѓе како Борис Трајковски, таа беше запрена и беше потпишан историски мировен договор.

Денес, Македонија е 30-та членка на НАТО. Со овој чин Бугарија доби бонус стабилност на нејзината граница, бидејќи крвавиот граѓански конфликт може да претставува ризик за мирот и да влијае на стабилноста надвор од границите на Македонија, во целиот регион, истакна Робертсон.

Робертсон потсети дека во времето по приемот на Бугарија во НАТО и ЕУ, луѓето очекуваа членството во овие организации да помогне во запирање на насилството во регионот. Затоа, според него, македонското вето на ЕУ треба да биде укинато.

На конференцијата на Евроатлантскиот клуб во Софија учествуваа и новите министри за надворешни работи и одбрана на Бугарија, Светлан Стоев и Георги Панајотов. Специјален гостин на форумот беше претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Светлан Стоев, привремениот министер за надворешни работи на Бугарија

Пендаровски: Пропагандата од трети земји и лажните вести се ризик за регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030“, во организација на Атлантскиот клуб во Бугарија, по повод 30-годишнината од неговото основање.

Честитајќи го значајниот јубилеј за организацијата, претседателот Пендаровски говореше за придобивките коишто Република Северна Македонија ги има од членството во НАТО, по две децении кандидатски статус и низа кризи.

Меѓу научените лекции од поновата историја, како што рече претседателот Пендаровски, е важноста на раното предупредување, особено денес, кога предизвиците се удвоени и се посложени, вклучително сајбер и хибридната војна, или најновиот предизвик – управувањето со пандемијата, која освен здравствени, социјални и економски, има и безбедносни последици.

Важно за стабилноста на трансатлантската заедница е кохезијата меѓу партнерите, бидејќи, како што посочи претседателот Пендаровски „ниту еден проблем на Балканот не ќе беше решен во последните три децении, ако не беа синхронизирани САД и Европа“.

Пендаровски се осврна и на неодамна лиферуваните нон-пејпери, во коишто се споменува промена на границите на Западен Балкан. Според него, ниту една одговорна влада или политичар во Европа нема да ја поддржи оваа опасна идеја, но, според него, пропагандата од трети страни не е исклучена.

Шефот на државата посочи дека во регионот сè уште има премногу историја којашто не држи сите нас на задните седишта во Европа.

-Живееме во 21-от век и мора да размислуваме и да правиме планови за иднината. Балканот во пост-комунизмот изгуби милиони млади луѓе кои заминаа во деловите на светот каде што историјата е присутна во книгите, а не на улиците, рече Пендаровски во обраќањето на виртуелната конференција, по повод 30-годишнината од основањето на Атлантскиот клуб во Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова во обраќањето на конференцијата истакна дека европската безбедност е многу важен аспект за сите.

Таа повика на измени во Лисабонскиот договор во делот на овластувањата на високиот претставник за безбедност и надворешна политика, бидејќи тие не се добро решени.

Заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана предупреди на руските активности во Црното Море и ги оцени како предизвик за сите во регионот, потсетувајќи на анексијата на Крим од Русија, што, според него,  ја покажа природата на Москва.

Џоана истакна дека сајбер нападите и кампањите за дезинформирање се најголем предизвик денес, не само за државите, туку и за НАТО и додаде дека е потребно заедничко дејствување за да се спречат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Светлан Стоев, привремениот министер за надворешни работи на Бугарија

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Годинава поскапи цени за сместување во Грција, цените на пакет аранжманите остануваат исти

Редакција

За првпат по пропаѓањето на преземањето од Комерцијална се огласија од Стопанска банка Битола: Стабилноста и сигурноста на Банката е на највисоко ниво

Редакција

Каков имот пријавил Владимир Кроневски, кој е разрешен од директорската позиција во Службен весник

Редакција