еМагазин
Image default
Македонија

Не сум од оние кои припаѓаат на некоја партија само како функционери, вели Шекеринска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска уште еднаш повтори дека не треба да биде дел од раководната структура на СДСМ во следниот период и тоа, како што истакна, се однесува на сите функции.

Шекеринска потврди дека останува во СДСМ. Не е од оние луѓе, рече, кои веруваат во вредности и припаѓаат на некоја партија само како фунционери.

На новинарско прашање дали ќе прифати друга функција и дали ако не добие ќе остане тука или сепак ќе замине во Вашингтон, Шекеринска одговори дека би било несериозно од едно место да се префрли на друго.

– Сето останато три години го слушам и никако да се случи. Би сакала малку повеќе да зборуваме за суштински, реални нешта, а помалку да губиме време на дезинформации и кујнски сплетки, истакна Шекеринска по приемот на донацијата од 100.000 кинески вакцини во поликлиниката „Јане Сандански“.

Министерката потенцира дека во СДСМ била активна и како член во раководството и без.

-Верувам во работа и сработено, а не во функции. Не мислам дека треба да помогнеме на државата само ако носиме значка на функционер, партиски или државен, рече Шекеринска.

Во однос на одбраната, каде што е прв човек, Шекеринска рече дека се исполнети двете клучни цели, членството во НАТО и подобрувањето на условите во Армијата, но преостанува, како што подвлече, уште многу работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукаревска ќе добие висока позиција во новото раководство на СДСМ, Спасовски и Филипче можни потпретседатели?

Шекеринска нема повторно да се кандидира за заменик претседател на СДСМ, Заев вели дека ќе му остане другарка

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Владата утре на седница ќе дискутира за предлогот за евентуална рестрикција на движењето

Редакција

16 лица го прекршиле полицискиот час, 449 казни за неносење маска

Редакција

СДСМ ќе бира лидер на 21 март

Редакција