Во Штип денеска се вакцинираше министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
“Денес во Штип ја исполнив мојата лична и граѓанска должност, да дадам свој придонес во зачувување на колективното и јавното здравје.
Ова е единствен начин заеднички да излеземе како победници над пандемијата со Ковид-19.
Имунизацијата тече во најдобар ред, Министерството за здравство и Владата придонесоа со целата оваа организација со поддршка на општините да имаме добар процес, кој ќе трае и во наредниот период.
Очекуваме намалување на притисокот од пандемијата и секако враќање на животот во нормала.
Радува високиот број на новопријавени граѓани. Тоа е знак дека брзо и целосно ќе ја смениме сликата на епидемијата кај нас. Вакцинирај се“, напиша тој на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Денеска и Димитров се вакцинираше против Ковид-19: Го доживеав како свечен чин
(Фото) Се вакцинираше и министерот Бектеши
(Фото) Космонаутко го вакцинираше и министерот Бојан Маричиќ
Фото: Фејсбук/Бочварски