еМагазин
Image default
Бизнис

Бараме предлози како да го подобриме законот за дивоградби, вели Бочварски

Уставната можност што ја искористи претседателот да не го потпише законот за легализација на дивоградби е уште една шанса заедно да издискутираме со јавноста, пратениците, експертите,.. да најдеме решение со цел да им помогнеме на граѓаните. Како Влада бараме предлози како да го подобриме ова законско решение, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Законот, нагласи, секако дека не идеален, има и слабости, има и добри страни со коишто ќе помогнеме, но ние сме овде и мораме да бараме решенија.

Бројот од околу 50.000 дивоградби, што според првичните проценки треба да бидат опфатени со овој закон го утврдиле од комуникацијата со општините, коишто, посочи, имаат одредени сознанија и информации и во однос и на претходниот закон колку барања за легалзаиција се одбиени, колку се во процес на работа.

– Така што, од тој  аспект, градови или општини како Штип, Струмица, Велес, со средна големина, имаат по две до три илјади објекти, според нивните проценки, коишто немаат решен правен статус.

Тоа се во најголем дел од објекти на наши сограѓани кои успеале да изградат кров над глава за себе и за своите семејства и токму поради тоа Владата овде е прва одговорна заедно со Собранието да бараме решение и начини да ги решеваме проблемите, а не да ги ставаме под тепих.

Поради тоа ова прашање, овој закон е поднесен во Собранието уште во 2019 година, доста долго време во јавноста е отворено, дискутиравме и се донесе во дискусија и со пратениците и пратеничките групи, изјави Бочварски.

Прашан дали со неопфаќањето на Охрид, Дебарца и Струга со овој закон се прави дискриминација и поради тие причини може да падне на Уставен суд, Бочварски укажа дека за овој регион заштитен од УНЕСКО има правила што треба да ги почитуваат сите, како и План за управување што прави разлика во однос на останатите градови што имаат само деталани и генерални урбанистички планови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски не го потпиша указот за законот за легализација на дивоградби

Ако застанеме со Законот за легализација на дивоградби ќе треба да рушиме 50.000 домови, рече Заев

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во мај

Редакција

(Галерија) Ексклузивни фотографии од новото казино Фламинго во Скопје

Редакција

Глигорие Гоговски и Драгољуб Арсовски купија акции во ТТК Банка

Редакција