еМагазин
Image default
Македонија

Кумановската болница затвори едно од трите ковид одделенија, поради намален број на пациенти

Општата болница Куманово го затвори ковид оддел 2 или одделението за неврологија, поради намален број на примени пациенти, соопштија денеска надлежните од болницата.

Вчера во болницата имало само пет хоспитализирани пациенти од кои тројца биле пуштени на домашно лекување, а двајца биле префрлени во модуларната болница.

Вкупно во двата ковид оддели (инфективно одделение и модуларната болница) има 47 пациенти и околу 50-тина во дневна болница.

„Искрено се надеваме дека трендот на опаѓање на новозаболени ќе продолжи, но сепак, ние сме најголема општина по број на жители во државата, трендот на опаѓање ќе оди побавно во однос на другите градови.

Опаѓа бројот и на амбулантски прегледи, дел се за контрола, дел во дневна болница. Иако, вчера немаше новозаболени, сепак, болеста не може одеднаш да исчезне,“ изјави директорката на болницата, Снежана Захариева и апелираше граѓаните да се придржуваат на мерките.

Захариева најави постепено враќање во нормала на хируршкото, очното и другите одделенија кои почнуваат со операции. Ковид-2 ќе се молерисува, ќе се уредува, ќе се адаптираат простории и се очекува да почне хоспитализација на пациентите.

– Со средства обезбедени од Министерството за здравство почнаа работите за изградба на гасна централа, за проектот кој веќе го имаме три и пол години. Се надевам дека идната грејна сезона ќе ја дочекаме со греење на гас.

До крајот на летото очекуваме уште еден компјутерски томограф, сместен во ургентно-хируршкиот центар,“ изјави Захариева која се заблагодари на ресорното министерство за вложените средства.

Персоналот на болницата ќе почне со годишни одмори, но како што појаснуваат од менаџерскиот тим, раководителите на одделите ќе ја организираат работата за непречено функционирање на болницата.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Бектеши слушнал некои од „бомбите“ за ДУИ, вели дека се приватни разговори

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Милошоски: Договор за нов Закон за ЈО можеби и ќе се постигнеше доколку Заев не беше токолу нервозен за „Рекет“

Редакција