еМагазин
Image default
Балкан

Вакцинирани една четвртина Црногорци

Во Црна Гора до денеска се искористени 148.255 дози вакцини против коронавирусот, што значи дека близу една четвртина од населението во земјата е вакцинирано, соопшти црногорското Министерство за здравство.

Како што се наведува, околу 113,5 илјади граѓани примиле прва доза од вакцината, додека скоро 35 илјади Црногорци биле целосно имунизирани.

– Црна Гора вакцинираше поголем процент од своето население отколку Албанија, С Македонија, Босна и Херцеговина и Косово кога станува збор за земјите од регионот и Бугарија како земја-членка на ЕУ, но и повеќе од Украина и Молдавија, се вели во соопштението.

Црна Гора првично доцнеше со набавка на вакцини за своите граѓани, па првите дози на руската вакцина „Спутник В“ ги доби на крајот на февруари како донација од Србија, а подоцна и други 50.000 дози вакцини на „Синофарм“ од Кина и 24.000 дози на „Астра Зенека“ во април, кои Црна Гора ги доби преку програмата Ковакс од ЕУ.

Во втората половина на април, Црна Гора речиси го нормализира животот со ублажување на скоро сите епидемиолошки мерки, додека на почетокот на мај го укина полицискиот час. Сепак, носењето маски на отворено и во затворен простор е сè уште обврска за сите Црногорци постари од пет години.

МИА/Фото: Photo by Spencer Davis on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште еден албански лекар ја загуби битката со Ковид-19

Редакција

Продолжува масовната вакцинација во Србија: Во Врање досега вакцинирани 4.502 Македонци

Редакција

Во новата влада на Албанија ќе има и министер Македонец

Редакција