еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 237 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, велат од Министерството за здравство.

“По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болен, а во Куманово 43 пациент позитивeн и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 29 пациенти, во Прилеп 16, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 20 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациент, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 7, а во Гевгелија 3 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 379 и има околу 614 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Можен пик на корона вирусот за 1 месец, можни заразени 2.000 лица

Редакција

Што ќе се случува со предметите на СЈО, ако се утврди евентуална вина на Катица Јанева во случајот со Боки 13

Редакција

Најчевска за францускиот предлог: Ова не е негирање на идентитетот на Македонците, туку едностран акт на асимилација и окупација на Македонија

Редакција