еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во март 28.217 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година изнесува 28.217 денари и бележи раст во однос на март лани од 6,8 отсто, објави  Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 17,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 12,3 отсто и информации и комуникации за 12,1 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен за 14,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 5,3 отсто и градежништво за четири отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2021 година изнесува 42.097 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во третиот квартал 8.595 слободни работни места, најмногу во услужните дејности и продажба

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Министерство за економија за набавка на гориво вреден 28.000 евра

Редакција

На продажба акции на Еуростандард банка издадени од Централен депозитар за хартии од вредност

Редакција