еМагазин
Image default
Македонија

Завршните зборови на одбраната за „Тортура“ продолжуват на 31 мај

Одбраната во случајот „Тортура“ своите завршни зборови ќе ги продолжи на 31 мај.

На денешното рочиште за овој случај завршни зборови даде дел од одбраната на прво обвинетиот Сашо Мијалков, односно адвокатот Љупчо Шврговски, кој истакна дека обвинението за случајот „Тортура“ е засновано врз голи претпоставки.

Судскиот предмет во овој случај го води судијката Александра Ристовска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното Специјално јавно обвинителство, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ.

За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Тортура“: Обвинението се темели на голи претпоставки, смета одбраната на Сашо Мијалков

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случај „Траекторија“: Какви СМС пораки му прајќал Јанакиески на Божиновски

Редакција

Македонија обезбеди привремен престој за 131 авганистански граѓанин вработени во Обединетите нации

Редакција

Детален преглед: Опаѓа бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција