Пред вакциналниот пункт во Штип денеска е мирно, без турканици, за разлика од саботата кога пациентите не ги почитуваа термините и доаѓаа неколку часа порано, за да ја примат втората доза на кинеската „Синофрам“.
Претпладнево редарите и претставниците на полицијата и на АРМ не воспоставуваа ред.
Лекарот на вакциналниот пункт во салата „Јордан Мијалков“ – Штип, Иле Постолов вели дека без проблеми се одвива ревакцинацијата.
„Денеска имаме 1.500 пациенти за втора доза на „Синофарм“, а исто така и 100 пациенти кои ќе ја примат првата вакцина на „Фајзер“. Пациентите се закажани за вакцинирање преку „Мој термин“ и исклучиво тие пациенти ги вакцинираме,“ вели Постолов.
Забележува дека денеска работата на здравствените работници на пунктот е олеснета поради почитување на термините од страна на пациентите.
Во штипската модуларна болница има хоспитализирано вкупно 14 пациенти, од кои седум се на постојана кислородна поддршка. Битката со коронавирусот ја загуби 64 годишен пациент од Штип.
МИА/Фото: МЗ