еМагазин
Македонија

Започна вакцинација на хронично болни пациенти и со состојби кои се ризик за Ковид-19

Почнувајќи од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и со ризик од Ковид-19, на возраст од 20 до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021 година, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови во државата, информира Министерството за здравство.

Како што прецизираат од Министерството, опфатени се повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози кои беа одредени како ризични од страна на Универзитетските клиники и граѓанските здруженија, како кардиоваскулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и останати заболувања и состојби.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На референдумот гласаа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев и пратениците Рангелова и Данев

Редакција

Собранието ќе продолжи со седницата за избор на министри в понеделник

Редакција

Сашо Петрушевски нов државен секретар во МВР

Редакција