еМагазин
Image default
Локално

Бидете внимателни: Кумановец измамен за 200 евра за купување огревно дрво

Кумановец бил измамен за 200 евра за купување огревни дрва, соопшти денеска СВР Куманово.

67-годишниот маж го пријавил случајот вчера во 17:45 во кумановската полиција, укажувајќи дека бил измамен од едно лице за сума од 200 евра.

– Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва и откако се договориле заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани. Откако пристигнале лицето му кажало дека ќе се врати, само да му донесе испратница, но отишло во неговата куќа и од неговата сопруга ги побарало парите, информираат од СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се тепале тројца на двајца кај фонтана во Градски парк

Редакција

Приведен угостител од тетовско, работел по дозволеното време

Редакција

Приведен кавадарчанец кој нападнал полицајци

Редакција