Премиерот Зоран Заев денеска не ја коментираше одлуката притворот на Драги Рашковски да биде заменет со куќен притвор.
-Знам дека е заменет од притворот во затвор во притвор домашен. Одлуката е донесена вчера, таа е соопштена. Се уште постојат постапки, жалби и слично, право на двете страни.
Немам нешто посебно да коментирам. Знам дека беше повеќе од 40-ина дена во притвор,“ рече Заев во одговор на новинарско прашање да даде коментар за куќниот притвор на Рашковски.
Вчера Апелациониот суд Скопје донесе одлука поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски да се врати, односно да се спроведе во куќен притвор од затворот „Скопје“.
Претходно Вишото јавно обвинтелство Скопје предложи да се прифати понудената гаранција во висина од околу 500 илјади евра на Рашковски за да излезе од притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рашковски оди во куќен притвор
Заев во одбрана на Рашковски: Пред фактите и Боговите молчат
Обвинителството отвори истрага за нови кривични дела за случајот со Драги Рашковски
МИА/Фото: Влада