еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер во северните и источните делови

Во изминатите девет часа до 17 часот попладне во Штип наврнале осум литри дожд на метар квадратен, пет во Скопје-Зајчев Рид, два во Крива Паланка, еден во Прилеп, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Попладне имаше развој на нестабилна облачност во подрачјето околу Крушево, Македонски Брод и Прилеп, како и во севеористочните делови од земјава, помеѓу Куманово, Крива Паланка и Кратово, претежно во планинските подрачја, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Подоцна попладнево нестабилно беше и во подрачјето на Штип, Делчево и во делови од Скопската Котлина.

УХМР најавува дека до крајот на денов во северните и источните делови од земјава ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта ќе биде променливо облачно на места со врнежи од дожд и ретки грмежи.

Утре ќе биде променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови за локална појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска почнуваат божиќните пости: Вистинскиот пост е воздржување од секое зло

Редакција

Најдобра заштита од Ковид-19 која сами можете да ја направите е да го намалите обемот на струкот, порачува Беќаровски

Редакција

Почнува божикниот пост: Во кои денови се пости строго, а кога се дозволени масло и риба

Редакција