еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Лани се родени 19 деца од мајки на возраст под 15 години: Бројот на новороденчиња намален за 4,1%

Бројот на живородени деца во 2020 година е намален за 4,1 процент во однос на претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година се родени 19.167 деца од кои 19.031 се живородени, а 136 мртвородени.

Поголем е процентот на родени машки деца (51,5 проценти), а најголем број раѓања се забележани во јули.

Според возраста на мајката, најголемо учество од 33,6 проценти имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката во вкупниот број на раѓања изнесува 29,1 година, а кај првите раѓања е 27,5 години.

Лани се родени и 19 деца од мајки на возраст под 15 години.

Родени се и 2.466 вонбрачни деца или 13 проценти од вкупниот број на живородени деца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведоштво на пациентка заболена од корона вирусот: Вечно сум благодарна што ми го спасија животот

Редакција

Доктор Стевановиќ: Очекуваме зголемување на бројот на ковид-случаи по годишните одмори, невакцинираните да внимаваат на личната заштита

Редакција

Препораки за одредени категории на граѓани поради топлотниот бран кој ќе трае до недела

Редакција