еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинетите во случајот „Двојник” вкупно осудени на 16 години затвор

Судскиот случај „Двојник” заврши со 16 години и 1 месец затвор за седум од вкупно единаесетмина обвинети.

Со денешната пресудата за Фарук Буки (3 години затвор) и за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ (условни казни), во Кривичниот суд Скопје, заврши првостепената постапка за судскиот пред „Двојник”.

Во судската постапка иницирана од Основно јавно обвинителство Скопје, за издавање на патни исправи со лажен идентитет казна затвор им беше изречена и на Денис Баруфи (2 години и 7 месеци), Ален Личина (2 години и 3 месеци), Раиф Мифтари (2 години и 3 месеци), Ѓорѓе Велков (2 години), Оливера Софрониева (2 години и 5 месеци) и Шемседин Јашари (1 година и 7 месеци).

За разлика од обвинетите Буки, сите други обвинети при првите рочишта ја признаа вината за извршено кривично дело „злоупотреба на службена должност”.

Судијката Оља Ристова, при изрекување на пресудите наведе дека со издавањето на лажните патни исправи е загрозен и интегритетот на системот на издавање патни исправи, а исто така, е нарушен интегритетот и безбедноста на државата.

Според Обвинителството, тие во периодот од јуни 2017 година, па до крајот на 2020 година, правеле лажни исправи со намера да се употребат како вистински.

Како застапник на обвинението во овој случај беше јавната обвинителка Спасенка Андонова.

Воедно, по однос на прво степените пресудите обвинетите имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ го доби мултимилионскиот тендер на „Македонска пошта“ за набавка на гориво

Редакција

Германскиот пратеник Рот од Скопје: Уставните измени треба да се случат за да продолжат пристапните преговори со Унијата

Редакција

Партиите една година без договор за иднината на СЈО, погодете зошто

Редакција