еМагазин
Image default
Бизнис

Поскапуваат бензините

За половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а за еден денар на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според тоа, Еуросупер БС-95 во следните седум дена ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 70,5 денари за литар, а дизелот за 61,5 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 61 денари.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,348 денари за килограм и сега тој ќе се продава по цена од 35,237 денари за литар.

Со оваа најнова одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 проценти во однос на минатонеделните цени.

Регулаторната комисија за енергетика секоја недела врши корекција на цената на нафтените деривати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре нов прекин на железничкиот сообраќај

Редакција

„Тепачка“ за акциите на „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“ пред исплата на дивидендата

Редакција

Ќе се укине забраната за извоз на брашно

Редакција